Нервемето им направи големи штети на земјоделците

Нервемето им направи големи штети на земјоделците
Нервемето им направи големи штети на земјоделците

Oгромни штети претрпеа земјоделците oд завчерашните обилни врнежи во тетовско, оцени денеска ресорниот заменик министер Ванчо Костадиновски по денешната посета на тетовскиот регион, објави МИА.

Според првичните податоци и проценката на земјоделците, уништени се над 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка. Најголема штета има во Голема Речица.

Состојбата е многу тешка и трагична. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите кои навистина претрпеа големи загуби. И земјоделците претрпеа огромни штети, но многу скоро ќе биде извршена реална и објективна проценка на штетите и како што беше владината одлука за ургентна помош од 30.000 денари за оштетените домови, ќе биде определена и помош за првично обесштетување на земјоделците од уништените парцели, како и уништената сточна храна, други посеви, стока, изјави Костадиновски.

Во Голема Речица, заменик-министерот посети ниви, ораници и други уништени земјоделски површини на жителите.

Се расчистуваат блокираните патишта во тетовско

Се расчистуваат блокираните патишта во тетовско
Се расчистуваат блокираните патишта во тетовско

Дирекцијата за заштита и спасување денес информира дека се работи на расчистување на блокираните патишта во тетовско за да се обезбеди непречено движење.

Патот кон село Шипковица е пробиен и во тек се активности за негово проширување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.