сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Невреме во Гостивар-повредени две лица, оштетени објекти и возила

невреме

Последни вести

Силно невреме направи хаос вчера во Гостивар. Повредени се две лица, а воедно оштетени се и два објекти.

Се работи за 19-годишниот Е.О. и 27-годишниот Б.А.кои биле згрижени во Ургентното оддление со повреди здобиени од падот на дрвото.

Паднат излог од првиот кат на објектот „Мон Блан“ оштетил неколку возила на паркингот. На улицата „Беличица“, керамиди кои паѓале од покривите оштетиле седум возила. Во селото Мало Турчане е регистрирано оштетување на покрив од куќа и падната бандера за струја, а на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај Здуњската раскрсница паднат е семафор.

Во Мавровскиот регион од ветрот има повеќе оштетувања, поради кои има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Одрон од камења и земја го блокира патот кон селото Сенце.

Најчитани вести