Невреме во Грција зеде три жртви

Лошото време во Грција ја зеде третата жртва. Шеесет и шестгодишен маж загина, откако и покрај забраната на полицијата, се обидел да помине со автомобил опасен дел на патот до Солун.

Затворени се патиштата во северна Грција, а сообраќајната полиција врши масовни проверки за состојбата на возилата. Обилните дождови веќе петти ден поплавуваат голем дел од патиштата во северна Грција.

Поплавени се патиштата околу градот Килкис, како и на полуостровот Халкидики. Забрането е движењето по поплавените патни површини. Во област Еврос под вода се приземјата на куќите.

Во цела Грција денес дождовите се засилија, а на повисоките делови од земјата паѓа снег. Полицијата врши масовни проверки за техничката исправност на возилата и синџири за снег.

Сообраќајната полиција го зголеми бројот на тимовите за контрола на сообраќајот. Властите предупредуваат да се вози со прилагодена брзина и особено да внимаваат возачите на товарни возила. Ризично е приближувањето до реките во северна Грција.