Невреме во Кина, 19 загинати

Во обилните врнежи кои го погодија југозападот на Кина загинаа најмалку 19 лица, а 20 се сметаат за исчезнати, известуваат кинеските медиуми.

Според извештаите на медиумите, 12 лица погинале во градот Чункинг, три во Сечуан и четири лица во провинцијата Шенси.

Од провинцијата Шенси, евакуирани се околу 160 илјади лица, а од соседната провинција 85 илјади.

Кинеската централна телевизија емитувала снимки на војници кои спасуваат луѓе од загрозените подрачја заробени во зградите обиколени со вода.

Според податоците на кинескиот Хидрометеоролошки завод, и во попладневните часови ќе продолжи да врне во овој дел од Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.