Невреме во Штип

Град и силен ветер попладнево го зафати Штип. Засега нема штети од невремето, но земјоделците од штипското село Лакавица велат дека вчера доцна попладнето, град со големина на орев им ги столчил житните култури, градинарските производи и тутунот.

Портпаролот на Општина Штип Драган Ристов информираше дека од утринава веќе четворица земјоделци побарале комисија за проценка на штетите да излезе на терен, а во текот на денот очекуваат и останатите жители да поднесат барања.