Невремето од Хрватска и Србија нема да дојде и кај нас

Невремето од Хрватска и Србија ќе не одмине. Невремето што ја погоди Хрватска направи огромна штета, а улиците низ градовите се поплавени. Силниот ветер во Србија корнеше дрвја, а кај нас според информациите од УХМР, нема очекувања за невреме.

Поради силниот ветер во Србија, во близина на Фонтаната во Нов Белград одлета покрив. Невремето што предизвика поголеми штети го погоди и Зрењанин.

Според податоците од тамошната метеоролошка станица, ветерот дувал со јачина од 16 метри во секунда, односно помеѓу 62 и 74 километри на час, пишува 24сата.хр.

Во невремето голема штета претрпе и хрватскиот град Ровињ, а на фотографиите се гледа дека возилата пливаат во поплавените улици.

veter-srbija-4

Силен дожд…