Балкан

Невремето однесе жртви на Балканот

Невремето однесе жртви на Балканот

Поројните дождови што во текот на вчерашниот ден зафатија делови на Словенија и Австрија предизвикаа поплави, кои досега однесоа еден живот.

Поплави се регистрини и во источните и јужните делови на Словенија, главно долж теченијата на реките Сава и Крка. Словенечките медими јавија дека под вода се неколку стотици куќи и други станбени и деловни објекти, а во прекин е и собраќајот на повеќе патни правци.

Поплави има и во австриските покраини Штаерска, Корушка и Биргенланд, при што најтешко се погодени местата Јенерсдорф, Лајбниц и Дојчландсберг каде за многу кусо време наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен.

Австриските медиуми јавија дека реката Мура се излила од своето корито во Грац, поплавувајќи го градскиот кеј.