ВИДЕО: Невреме во Германија, најмалку шест жртви

Најмалку шест лица се загинати во олујното невреме која ја зафати сојузната држава Северна Рајна Вестфалија. Тројца се загинати во Дизелдорф во моментот кога барале засолниште.

Во Келн има еден загинат,односно дрво паднало врз велосипедист, како и во Есен, каде едно лице го загубило живототдодека ги расчистувал штетите од олујата.

Олујата го сопре железничкиот и авиосообраќајот, а паднатите дрвја ги блокираа улиците. Ветерот оштети голем број на куќи и автомобили.

Во текот на ноќта, времето се стабилизирало.