Неврокопскиот ансамбл за народни песни и ора на плоштадот „Филип Втори“

Концерт во рамките на „Скопско лето“ утре ќе одржи  од Гоце Делчев, Бугарија. Концертот на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје ќе почне во 20.30 часот, а овој настан се организира во соработка на Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје,  Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ” и “Универзална сала“.

Неврокопскиот ансамбл за народни песни и ора, првиот ансамбл од овој тип во Бугарија, е основан во 1946 година. Своевремено бил познат под името „Јане Сандански“ кое достинствено го носел со години. Исто така е познат како и Ансамбл од регионот Неврокоп, по старото име на градот Гоце Делчев во Бугарија.

Во повеќе од половина век креативна работа, Ансамблот од Неврокоп, открива, презентира и репродуцира народни песни, народни танци и традиционални фолклорни и етнографски богатства на бугарската нација.

Ансамблот досега има настапувано на околу 4.000 концерти пред повеќе од 3.6 милион гледачи, со турнеи во Полска, Унгарија, Југославија, Македонија, Русија, Латвија, Украина, Грција, Италија, Канада, Холандија, Германија и Египет.

Досега издал две ЛП плочи, едно цеде, една аудиокасета, и има направено многу снимки во Националното радио и телевизија на Бугарија.

Има добиено повеќе национални и меѓународни награди како почесната титула „Репрезентативен ансамбл“ и орден „Кирил и Методиј“ – прв степен.

Во ансамблот членуваат околу четириесеттина пејачи, играорци и оркестар кој свири на традиционални инструменти како кавал, гајда, тапан и тамбура.