ВИДЕО: Незадоволен германски градоначалник паркирал автобус со бегалци пред резиденцијата на Меркел

Незадоволен германски градоначалник на село во Баварија, каде пристигнале огромен број на бегалци, и’ испратил на германската канцеларка Ангела Меркел автобус полн со мигранти.

Автобусот со 51 бегалец треба да се паркира пред канцеларијата на Ангела Меркел во Берлин, како знак на протест и незадоволство против нејзината политика за бегалците, јавува „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.

Според соопштението до јавност, кое го испратил Петер Драјер, прв човек на селската општина Ландсхут, оваа симболична акција има за цел „да испрати сигнал дека неможе и не е добро да продолжи начинот на применување на политиката за прифаќање на бегалците“.

Автобусот пристигнал во германската престолнина вчеравечер. Во него биле сместени 51 Сиријци на возраст од 21 до 45 години, кои веќе добиле бегалски статус во Германија, и кои доброволно се пријавиле за патувањето до Берлин, било наведено во соопштението на општината Ландсхут.

– Се обидуваме да ги интегрираме тие луѓе, но тоа нема да се случи ако пристигне нов бран од еден милион бегалци. Ете зошто е време да удриме со рака на маса, рекол Драјер во своја изјава за германската телевизија „Ен 24“.

Властите во Берлин…