ВИДЕО: Незадоволен германски градоначалник паркирал автобус со бегалци пред резиденцијата на Меркел

Властите во Берлин соопштиле дека ќе ги згрижат бегалците кои пристигнале со автобусот и потсетиле дека, според законот, локалните власти треба да се грижат за сместувањето на луѓето кои имаат статус на бегалци.

Инаку, богатата јужногерманска провинција Баварија ги прифаќа најголемиот дел од бегалците, кои пристигнуваат од Австрија. Потоа ги прераспоредува низ другите региони на Германија. Досега Баварија неколкупати реагираше дека е преоптеретена и тешко се справува со бегалската ситуација.

Во истовреме, властите во Баварија веќе со месеци ја критикуваат политиката на Ангела Меркел на подавање рака на бегалците, поради што има голем пад во рејтингот на германската канцеларка. Минатата година Германија ги отвори своите врати за околу 1,1 милион бегалци.