Незаконска продажба на алкохол во локали во Дојран

 

Незаконска продажба на алкохол била откриена во шест угостителски објекти, во рамки на контролата на комбинираните тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи, која што во текот на вчерашниот ден беше извршена во повеќе угостителски објекти во Дојран.

Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. При контролата во 6 угостителски  објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци, се вели во сооптението од Управата.

Како што информираат од Царинската управа, од објектите каде била утврдена незаконска продажба на алкохол, привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри домашна ракија и мастика.

За овие пијалаци, како што потенцираат од Царинската управа, не е платена акциза и не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.

Незаконска продажба на алкохол и во скопски локали

Незаконска продажба на алкохол
Незаконска продажба на алкохол

Инаку Царинската управа при контролата изминативе денови откри неправилности во работењето кај четири угостителски објекти – незаконска продажба на алкохол и во скопски локали.

При контролата во 4 угостителски објекти на територијата на Град Скопје е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци.  Притоа, привремено се задржани 37,5 литри ракија и  околу 16 литри други жестоки алкохолни пијалоци.

Глоби и затворени објекти во Охрид и Битола

Незаконска продажба на алкохол
Незаконска продажба на алкохол

На почетокот на минатата недела, осум деловни објекти во Охрид  заработија глоби и мерки затворање во рок од 15 дена поради неиздавање фискални сметки.

Во уште други два угостителски објекта е констатирана продажба на алкохол со сомнително потекло, без бандероли, соопшти Управата за јавни приходи по денеска спроведените контроли.

Според УЈП, по инспекциските контроли викендов во Охрид и Битола затворени се вкупно 10 објекти, а во три е утврдена продажба на алкохол без бандероли поради што се повикани мобилните царински служби за натамошано постапување и презмање соодветни мерки.

Контролите продолжуваат

Од Царинската управа инфромираат дека ќе продолжат со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза.