Незаконска продажба на алкохол во скопски локали

Незаконска продажба на алкохол во скопски локали
Незаконска продажба на алкохол во скопски локали

Царинската управа при контролата изминативе денови откри неправилности во работењето кај четири угостителски објекти – незаконска продажба на алкохол во скопски локали.

Локали незаконски продавале алкохол

При контролата во 4 угостителски  објекти на територијата на Град Скопје е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци.

Притоа, привремено се задржани 37,5 литри ракија и  околу 16 литри други жестоки алкохолни пијалоци за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност, се вели во соопштението.

Продолжуваат контролите

Од Управата информираат дека контролите на акцизните добра продолжуваат и понатаму, а се со цел поголема заштита на здравјето на граѓаните, како и соодветн наплата на пропишаната акциза.

Имено, наплатената акциза од алкохолни пијалоци во првите 6 месеци од 2015 година е за 18% повисока во однос на истиот период во 2014 година и за 23% повисока во однос на 2013 година.

 

На подрачјето на Скопје, но и во другите градови и во претходните извршени контроли од страна на Царинската управа беа откриени повеќе угостителски објекти кои вршат незаконска продажба на алкохол.