Незапаметено невреме ја погоди Европа

невреме
NEW YORK, NY - JANUARY 07: A man clenches his fists while walking past a steam vent on the morning of January 7, 2014 in New York, United States. A polar vortex has descended on much of North America, coming down from the Arctic, bringing record freezing temperatures across much of the country. (Photo by Andrew Burton/Getty Images)

Реонот околу Балтичкото Море е погоден од бурата Аксел, која предизвика рекодно зголемување на морското ниво и поплави во североисточното крајбрежје на Германија и во делови на Скандинавија.

Германската Федерална служба за поморство и хидрографија соопшти дека нивото на водата во Балтичкото Море минатата ноќ било за 1,5 до 1,7 метри над вообичаеното за овој период од годината, што предизвика најтешки поплави во крајбрежните области од 2006 година.

Поплавите предизвика штети на објекти во градовите Либек и Фленсбург, а надојдената вода однела и повеќе автомобили.

Германија поплави

Данските хидролози информираа дека во градовите Сондерборг, Багенкоп. Асбенар и неколоку други крајбрежни места е измерено највисоко ниво на Балтичкото Море во последниве сто години.

Во северниот дел на Шведска поради снежното невреме воз со околу сто патници остана заглавен на отворена пруга на 50 километри јужно од градот Галивар. Според шведските медиуми, патниците од возот биле згрижени во една блиска локална црква.

Бурата Аксел според најавите ќе продолжи да се движи од балтичкиот регион на исток кон Белорусија.

Јужните делови на Германија пак се зафатена од силни ветрови, снег и појава на голомрзица, што доведе до повеќе десетици сообраќајни несреќи.

Во последните 24 часа само во долна Баварија се случиле 170 сообраќајнни несреќи. Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во несреќите животот го загуби едно 20-годишно момче, а полесно или потешко се повредени десетина лица. Вкупната штета од сообраќајните несреќи е проценета на околу два милиони евра.

Германските метеоролози измериле ветрови со брзина од 123 километри на час и температури до минус 20 степени Целзиусови.

Невремето ја погоди и Австрија, каде според полицијата, во реонот на Салцбург двајца скијачи се водат како исчезнати.

Во исто време и Балканот е погоден од многу студен бран од североисточна Европа, кој во регионот се очекува да донесе исклучително ниски температури и до минус 30 степени Целзиусови, кои се за 14 до 19 степени пониски од просечите за јануари.

Хидрометеоролозите во Црна Гора и Хрватска прогласија црвен метео аларм за денеска и утре, додека во БиХ е на сила портокалов.

Според метеоролозите, во Црна Гора се очекува облачно време повремено со снег и со засилен северен и североисточен ветер, кои на некои места ќе бидат со орканска јачина.

Црногорскиот електродистрибутивен систем соопшти дека таквите временски неприлики може да имаат значително влијание врз системот за дистрибуција на електрична енергија особено во северните делови од државата. „Црна Гора пат“ соопшти дека сета механизација е подготвена и вклучена, а на возачите им препорача да не патуваат ноќе или возењето да го прилагодат со условите на патот.

студ

И хрватските метеоролози издадоа црвен метео аларм со предупредување дека во државата се очекува студен бран поради кој во текот на викендот температурата на воздухот можно е да се спушти и до минус 20 степени Целзиусови, а се очекува и силен северен ветар.

Црвен метео аларм е прогласен за Истра, Кварнер, како и за реонот на Велебит и северна Далмација. Во следните денови се очекува снег и оркански ветрови на јадранското крајбрежје.

Поради обилниот снег, во делови на БиХ сообраќајот се одвива отежнато.

Според метеоролозите, во периодот од денеска до 9 јануари, Босна и Херцеговина и Србија ќе бидат најстудените региони на европскиот континетот. Студовите ќе бидат екстремни, но за среќа ќе траат кратко време, наведуваат метеоролозите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.