Незапирливиот Сити го прегази и Тотенхем

Водечката екипа на англиското првенство Манчестер Сити во дербито од 18-то коло на англиското фудбалско првенство пред своите навивачи беше убедлив и со 4:1 го совлада Тотенхем, и ја продолжи победничката серија во Премиер лига доаѓајќи до бројот од 16 последователни победи.

Гондоган ѝ донесе водство на екипата на Пеп Гвардиола во 14 минута, а навивачите на „Граѓаните“ на вториот гол чекаа до 70 минута, кога Кевин де Брујне еден контранапад го заврши со силен удар кој гостинскиот голман Уго Љорис не успеа да го запре. Водечката екипа во лигата можеше да си дозволи луксуз и да не реализира пенал, што во 75 минута го стори Габриел Жезус.

Меѓутоа, до крајот на дуелот меѓу стрелците се запиша Рахум Стерлинг. Првиот гол го постигна во 80 минута, а вториот десет минути подоцна за 4:0. Данецот Кристијан Ерискан го ублажи поразот на Тотенхем во третата минута од судискот продолжување.

Тотенхем остана на седмата позиција на табелата со 31 бод. Манчестер Сити со 52 бода од можните 54 е убедливо водечката екипа во англиската Премиер Лига. Со 14 бодови заостанување втор е Манчестер Јунајтед и со м помалку, а истото заостанување го има и третиот Челзи, а четврти е Арсенал со 33 бода. Во зоната на испаѓање се Њукасл со 1, ВБА со 12 и Свонси со 12 бодови, но последните два клуба имаат натпревар помалку.

Претходно во саботата Арсенал го голот на Месул Езил во 23 минута со 1:0 го совлада Њукасл Јунајтед. Минимална победа оствари и Челзи против Саутемптон, а стрелец беше Алонсо во третата минута од судиското продолжување на првото полувреме.

Брајтон и Барнли одиграа без голови, а три натпревара завршија со победи на госите.

Кристал Палас го изненади Лестер на негов терен. Стрелци беа Бентеке во 19, Заха во 40 и Сако во четвртата минута од судиското продолжување.

Хадерсфилд со 4:1 беше подобар на гости кај Ватфорд. Дукур беше стрелец за почесниот погодок на домашните во 68 минута, а гостите поведоа уште во 6 минута, а Муј погоди во 23 и во 89 минута од пенал, а во меѓувреме во 50 минута стрелец беше Депоатре.

Нобл во 19 минута од пенал, Аранутовиќ во 75 и Сако во 86 минута беа стрелци во гостинската победа од 3:0 на Вест Хем против Стоук Сити.