Незапомнет злочин: „Викнете полиција, го убив брат ми“

Незапомнет злочин денеска ја потресе Србија.

Педесет и петгодишниот Љубомир З. од Панчево го усмртил својот брат во семејната куќа, а потоа му рекол на соседот да повика полиција.

Соседка сведок на настанот вели дека ништо не претскажувало дека ќе се случи огромна трагедија.

-Седевме и се беше мирно. Одеднаш дојде Љубомир, се појави на нашата капија и рече Мичо викни полиција го заклав брат ми. Бев во шок и не можев да верувам, вели соседка и додава дека кога тргнала по својот сопруг тој повторно викнал за помош, па ја опцул.

Сопругата на убиецот не била дома за време на крвавиот злочин, бидејќи сопругот ја избркал.

Инаку, браќата претходно цел ден пиеле, но никој не очекувал ваков крај. Откако Љуба дошол кај соседите, тие влегле во куќата и не излегувале додека не пристигнала полицијата.

Соседите велат дека Љуба е добар човек и секогаш го штител брата си кој е инвалид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.