„Независимаја газета“: Армијата од невработени во Русија може да достигне 2,4 милиони лица

Над два милиони лица бараат работа во Русија, а секоја недела 20 илјади невработени бараат помош од државата пишува, весникот „Независимаја газета“, пишува МИА.

Весникот се повикува на податоци, објавени од Министерството за труд и социјална заштита.

– Доколку нема промени во ситуацијата армијата од невработени во Руската Федерација може да се зголеми на 2,4 милиони лица, како што беше при претходната криза. Освен тоа статистиката претставува просек за целата земја и ги маскира локалните проблеми, а во одделни региони отпуштањата на неколкју илјади лица може да предизвика вистински потрес, додава весникот.

Според Министерствотото до 18 февруари во Русија имало речиси 960 илјади невработени.

Експертите прогнозираат и раст на лицата со скратено работно време, а лидерот на Федерацијата на независни синдикати во Русија Михаил Шмаков очекува до крајот на годината бројот на таквите лица да достигне три милиони.

Најголем е ризикот за руските компании во автомобилската индустрија, како и секторот за производство на други превозни средства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.