Свет

„Независимаја газета“: Руските пари не се доволни за украинското раководство

„Независимаја газета“: Руските пари не се доволни за украинското раководство

Денес Украина ќе добие првите три од 15-те милијарди долари руски кредит, според договорот што беше потпишан пред една недела. Исто така денес украинскиот лидер Виктор Јанукович планираше повторно да ја посети Москва за да учествува на седницата на Врховниот евроазиски совет.

Сепак вчера од Киев објавија дека претседателот е болен и ќе биде заменет од премиерот Микола Азаров. Режимот на тајност, што ги обележува украинско-руските преговори, овозможува да се претпостави дека отсуството на Јанукович е еден вид сигнал до руското раководство, пишува „Независимаја газета“.

Минатата недела по враќањето од Москва, украинскиот претседател соопшти пред новинарите дека неговата земја продолжува да се стреми кон добивање статус на набљудувач во, евроазиски интеграциски структури предводени од Русија, а исто така планира да го потпише договорот за асоцијација со Европската унија.