„Независни Грци“ бараат зголемено мнозинство за ратификација на договорот

Претседателот на „Независни Грци“ и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос му порача на премиерот Алексис Ципрас дека бараат да се гласа со зголемено мнозинство за ратификација на Договорто за името и оти ќе се обидат на кој било начин да го блокираат ратификувањето на Договорот, пишува „Катимерини“

Во изјава по вонредната седница на пратеничката група на неговата партија, Каменос најави дека ќе ја напуштат владата ако за договорот не биде договорена ратификација со 180 гласа, а не со 151 како што е предвидено.

Според Каменос, „нацрт- договорот“ никогаш нема да дојде во парламентот поради тоа што, како што рече „Република Скопје“, нема да ги заврши предвидените обврски.

Портпаролот на грчката влада, претходно рече дека нема да се побара зголемено мнозинство од 180 пратеници, бидејќи за конкретниот договор, тоа не го налага Уставот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.