Незири: Очекуваме фер и демократски избори на 24 април

Незири: Очекуваме фер и демократски избори на 24 април
Незири: Очекуваме фер и демократски избори на 24 април

Министерот за економија и шеф на Изборниот штаб на ДУИ за претстојните парламентарни избори Беким Незири очекува до 24 април да се имплементираат сите сегменти од Договорот од Пржино и да има фер и демократски избори на закажаниот датум.

– Република Македонија веќе пет месеци е во криза откако почна објавувањето на таканаречените „бомби“ и токму поради тоа ставот на ДУИ е што побрзо да имаме избори, но да бидат фер и демократски, изјави Незири во одговор на прашање по   промоцијата на твининг проект „Јакнење на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“.

Посочи дека за тоа е неопходно  да се имплементираат двата сегмента од Договорот од Пржино, односно да биде пречистен Избирачкиот список и да има нов закон за медиуми.

– Се надевам и оптимист сум дека до 24 април тие два сегмента од Договорот од Пржино ќе бидат имплементирани и ќе има избори, потенцира Незири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.