НХЛ играч ќе лежи во затвор

Хокејарот на Лос Анѓелес, Русинот Слава Војнов ќе мора да лежи затворска казна поради семејно насилство.

Тој доби затворска казна од 90 дена, а исто така доби закана дека ако го повтори делото во наредните три години ќе биде жестоко казнет. Ѕвездата во НХЛ се најде на суд во октомври поради напад на неговата сопруга, која на лицето се здобила со длабоки исеченици.

За семејно насилство во ЛА на суд се добива премногу жестока казна. Хокејарот има среќа затоа што жена му тврдела дека тој е невин и дека сѐ се случило во афект. Од клубот на Војнов велат дека тој е праведно казнет, затоа што ниту една жена не заслужува таков однос.