Македонија

Ни ја поткопуваат приватноста, тоа треба да се прекине

Ни ја поткопуваат приватноста, тоа треба да се прекине

Последниве неколку дена бев ужасно потресен првпат за иднината на мојата земја, за мојата иднина, а и за иднината на моето поколение, вели актерот Зоран Љутков, кој побара поддршка од граѓаните и ги повика да му се приклучат на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

– Кога некој ќе ми ја наруши мојата приватност, кога ќе ми ги поткопа темелите на домот, како што тоа сега го прават сега со Македонија, чуствувам страшна вознемиреност и огромна лутина и гнев спрема тие луѓе. Доколку е вистина дека ова се странски служби кои што ни ги поткопуваат темелите на земјата и ја доведуваат во една незавидна положба која што не сме сигурни како може да резултира на крајот, јас се надевам дека не би имало црни сценарија, мислам дека тоа од старт би требало да се прекине, истакна Љутков.

Тој, како и голем број други интелектуалци се приклучи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Бранејки го граѓанскиот интерес, жестоко се спротивстави на внесувањето на странски служби во домашните работи и на нарушувањето на приватноста на граѓаните со прислушвањето, поседувањето и заканувањето со снимени телефонски разговори, документи, фајлови и доверливи информации.