Ни воспалението на слепото црево нема да го спречи да игра – Рафаел Надал ќе настапи во Шангај

Од почетокот на оваа недела стартуваше турнирот во Шангај, а најголемо внимание очекувано привлекува првиот фаворит Новак Ѓоковиќ. Како и да е, изминатово деноноќие вниманието е насочено кон неговиот најголем ривал, Рафаел Надал, кој изјави дека иако има воспаление на слепото црево, сепак не планира да се откаже од учеството на овој Мастерс.

Веднаш по слетувањето во Шангај, Шпаенцот се пожалил на болки во пределот на стомакот и побарал медицинска помош. Лекарите го советувале дека најдобро би било да изврши операција, но Рафа ги одбил и одлучил да добие терапија од силни антибиотици.

По сите тие третмани, Надал се чувствува подобро, па поради тоа, барем засега, не сака да се повлече од турнирот, кој за него почнува денес со дуелот против сонародникот Фелисијано Лопез.

Колку е овој потег на Надал оправдан и мудар, ќе оставиме да покаже денешниот меч.