Нианг е прескапа аквизиција на Монпеље

Контроверзниот претседател на францускиот прволигаш Монпеље, Луис Николин, потврди дека позајмениот фудбалер од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, М’Баје Нианг ќе се врати на “Сан Сиро” што заврши актуелната сезона во француската Прва лига.

“Кога е во прашање иднината на Нианг, можам да кажам дека мала е веројатноста дека ќе остане во редовите на Монпеље и по завршетокот на актуелната сезона. За неколку недели повторно ќе разговараме на оваа тема, но Милан бара многу за услугите на Нианг. Премногу скап фудбалер на Монпеље. Мора да го слушнам и мислењето на нашиот тренер, Роланд Курбис”, изјави сопственикот на Монпеље.

Француските медиуми во изминатите неколку дена ја форсираат приказната дека поранешниот младински репрезентативец на Франција е желба на лондонските премиерлигаш Арсенал и Тотенхем, но неговите услуги ќе бидат осигурани само со официјална понуда не помала од 12 милиони евра.