Ница лесен залак за ПСЖ

Како и што се очекуваше, лидерот на табелата, тимот на ПСЖ не дозволи никакво изненадување во премиерниот натпревар од 31. коло во француската Ппрва лига и сосема заслужено со минимални 1:0 славеќе на незгодното гостување во Ница.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 52 минута, всушнотс беше автогол на Тимоте Колочењак.
Фудбалерите на Олимпик од Марсеј денеска имаат обврска да ги освојат сите три бода во дуелот против големиот аутсајдер, екипата на Сошо, а за нијанса потешка задача, да зебележат позитивен резултат, но во дуелот против домашниот тим на Евијан имаат фудбалерите на Монако.
Денеска на програмата: Ајачио – Тулуз, Сошо – Марсеј, Монпеље – Валенсиен, Евијан – Монако, Нант – Бордо, Римс – Лориен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.