Ница ја одбележува годишнината од крвавиот напад

Една година по нападот со камион со кој во француска Ница загинаа 86 луѓе, илјада луѓе им одадоа почест на жртвите напади на популарното Англиското шеталиште.

По воената поворка во Париз по повода националниот празник Денот на падот на Бастилја, во Ница пристигна францускиот претседател Емануел Макрон, неколку министри во неговата влада, како и поранешните претседатели Франсоа Оланд и Николас Саркози.

Официјалната свеченост речиси во потполна тишина започна во 16,30 часот, сообраќајот беше прекината, а безбедноста на максимално ниво со многубројни полицајци во цивил.

Макрон со локалните и државните функционери по интонирањето на химната им одаде почест на загинатите на плоштадот Масен, недалеку од Англиското шеталиште, меѓу чиишто посетители пред една година со камиот влета Тунижанецот Мохамед Лауејп Булел, косејќи ги со голема брзина.

Францускиот претседател ги врачи ордените на Легијата на честа на полицајците и цивилите заслужни во ангажирањето при обидите да биде сопрен и уапсен напаѓачот. Меѓу одликуваните се полициските офицери Гаетан Рои и Магали Котон кои трчајќи се дале во потера по Билел, го фатиле и го убиле.

Орден му беше врачен и на Франк Териер, аеродромски службеник кој сфаќајќи ја намерата на напаѓачот со својот мотоцикл успеа да го престигне камионот и да се обеси на неговата врата а мотоциклот да го турне под неговите тркала во настојувањата да го запре. Меѓу одликуваните е и работникот со дигалки Александр Нигуез кој, исто така, се обидел да влезе во кабината на камионот, обидувајќи се да го спречи убиецот во налудничавата намера.

Свеченоста беше продолжена со воена парада и комеморација на којашто францускиот претседател, меѓу другото, рече дека секој државјанин на Франција „прецизно се сеќава каде се наоѓал во моментот на нападот“.

„На 15 јули Франција се разбуди во рани. Тоа беа страшни денови, денови на ужас и тага. Но вие се држевте јуначки. Државата никогаш нема да ве напушти, ниту ќе престане да трага по вистината. Покрај болката и длабоките емоции кои вечерва меѓусебно ги споделуваме, ви должам…, сите ние ви должиме ветување дека неуморно ќе ја продолжиме борбата против тероризмот“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

Нападот кој го изврши Лауеж-Булел беше еден од низата напади за коишто одговорноста ја преземаа џихадистите од Исламската држава, во кои од јануари 2015 година во Франција беа убиени над 230 луѓе. Исламската држава ја презема одговорноста и за нападот во Ница, меѓутоа истрагата досега не успеа да пронајде директна поврзаност меѓу групацијата и напаѓачот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.