Ние сме како Индијанци, молиме дожд да ни го исчисти воздухот

Потребни се радикални мерки, а не козметички залажувања за да се реши проблемот на загадувањето, констатираа учесниците во вечерашната дебатна емисија на ТВ Нова, на тема „Воздух или отров“.

Ние сме како индијанци, се молиме да падне дожд за да го исчисти загадениот воздух и да можеме безбедно да дишеме“ рече Ели Пешева од Коалицијата за чист воздух во дискусијата во која учествуваа и Адријанид Џафери од „Еко герила“ од Тетово, д-р Мими Кимовска од Клиника за детски болести и Верица Андреевска иницијатор на движењето „Скопје на точак“.
Тие се согласија дека е потребно системско решение и ефикасни мерки против загадувањето кој станува проблем не само овде туку и во светот. Тие мерки мора да бидат почитувани и од фирмите, но и од граѓаните.
Не може Рек Битола да плаќа казни за емисијата на штетни гасови, но да не престане со загадувањето рече Џафери.
Говорејки за Тетово од каде што доаѓа, Џефери се заложи и Тетово еден од најзагадените градови во Македонија, да биде гасифициран.
Ако Струмица можеше да воведе гасификација за една ипол година, сигурно ќе може и Тетово, или барем еден дел да премине на овој енергенс“.

Тој даде пример дека во училиштето „Лирија“, кое се загрева со лоша нафта, и децата се шегуваат дека наликува на „Југохром.

Д-р Кимовска вели дека децата се најголеми жртви на аеро-загадувањето.

Дури и кога ветрееме дома, нечистиот воздух влегува во домовите, а ПМ честитките го напаѓаат респираторниот систем, крвотокот, го влошува дополнително здравјето на хронично болните.

Андреевска рече дека Иницијативата „Скопје на точак“ е еден од носителите на идеите за подобрување на сообраќајната инфраструктура.

Скопје е рамен град со 280 сончеви денови во годината, вели таа, секаде може да се стигне на велосипед а за растојание од пет километри кои се минуваат за десет минути со точак, не треба да се користи автомобил.Проблем сепак е дилемата дали е безбедно да се вози велосипед во загаден сообраќај. Скопјани не се навикнати да носат специјализирани маски кои штитат, но тоа не го решава проблемот. Потребен е еколошки градски превоз, автобуси со еуро 5 стандард, поттикнување на граѓаните да користат градски превоз, но тој транспорт треба да биде субвенциониран.

Присутните во дебатата се согласија, дека треба да се засилат инспекциите. Не може да се дозволи палење на се’ и сешто за затоплување, пластика, гуми, масло, пластика, а во летно време палење на депонии и тоа да поминува неказнето.
И тука товарот паѓа на државата, на владата, која мора да размислува во правец да го субвенционира греењето на граѓаните: субвенционирана струја, пелети, да јапрошири мрежата на центално греење, да воведе гасификација.

Не може заради 1.000 семејства кои се економски немоќни да си дозволат квалитетно греење да страдаат 800.000 граѓани на главниот град, рече Пешева.

Интересно е тоа што никој од гостите не ја коментираше контрадикторната одлука на градоначалникот Шилегов кој ветуваше чист воздух и зелено Скопје да ја укине 10 годишната акција „Засади ја својата иднина“ проект кој го покрена оперскиот пејач Борис Трајанов, акција која актуелната влада ја окарактеризира како не ефективна бидејќи само 15% од расадите се фатиле.

Ако се согласиме со проценката на СДСМ тоа значи дека се засадени меѓу 3,5 милинони и 5 милиони садници на површина од 13 000 метри квадратни. Очигледно е дека Акција која имала ефект на засадени две дрвца по глава на жител во Македонија е повеќе од успешна во период од една деценија.