Ние сме Македонци, нашата држава е Република Македонија

Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија во саботата вечерта се одржува протест против Договорот за спорот за името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“.

Учесниците на протестот носeaт транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име.

Според објавеното на сицијалните мреж Б, Млади за Македонија се изјаснуваат за студенти од сите политички спектруми обединети под една цел – одбрана на името на татковината Македонија.

Клементина Маркоска – осумнаесетгодишна девојка од Тетово се обрати на протестот пред Собрание за зачувување на името на Републиката, а беше поздравена со повикот „Тетово е македонски град“, пренесува Локално.мк.

Цитирајќи го Уставот на Македонија порача дека Македонија е суверена држава и ниту еден човек во Македонија не смее да помисли да го менува името.

„Ние како граѓани на Македонија не треба да дозволиме да се случи тоа. Нашите загарантирани права ќе ги оствариме онака како што ни доликува. Нашата најголема цел е да го задржиме нашиот идентитет и идентитетот на нашата држава.

Ние не сакаме да живееме во Северна Македонија! Ние сме Македонци, а името на нашата држава е Република Македонија“, порача таа.

Според учесниците на протестот, наша најголема должност е да го зачуваме идентитетот и суверенитетот на државата. Внукот на Никола Карев преку видео-порака им се обрати на присутните, порачувајќи да не се менува името на државата, бидејќи земјава досега дала многу жртви.

„На 16 години тргнав по патот на Гоце Делчев. Работев премногу чесно. Се што требаше за Македонија се правеше дење и ноќе. Имам 96 години и сè уште сум за Македонија. Сакајте ја и чувајте за век и векови“, порача внуката на Гоце Делчев, Катерина.

Спроти почетокот на протестот групата на нивниот ФБ профил објавија порака со која апелираат на воздржување од насилство и напади врз полицијата.

„По никоја цена не смее да се дозволи напади на полицијата, а ние се оградуваме од секаков вид насилство. Ве повикувме сите вие да се воздржите од насилство и да превенирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид насилство, говор на омраза или недолично однесување“,  стои на ФБ статусот.