„Ние сме Македонија“ во Малме

Неколку стотици Македонци од Шведска, изглеа на протест против промена на името на Република Македонија. Македонците од дијаспората излегоа во градот Малме да ја подржат иницијативата „Ние сме Македонија“.

Инаку, сепартиското глобално движење „Ние сме Македонија” најави светски мировен протест за утре со почеток во 13 часот, во центарот на Скопје.

Движењето со протестот изразува поддршка за почитување на основното човеково право за самоиндентификација.

Истовремено мирни протести е предвидено да се одржат и во Франкфурт – Германија,Вашингтон – САД, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Окланд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка кои ќе бидат вклучени во живо со видеопренос во Скопје.