Нигерија е историска шанса за БиХ

Голема неизвесност на фудбалскиот терен, а пеколна атмосфера на трибините се очекува на вториот натпревар од второто коло во групата “Ф”, дуелот помеѓу репрезентациите на БиХ и Нигерија.

Претставникот на Африка освои само еден бод во дуелот против селекцијата на Иран, додека БиХ одигра одлично во дуелот против моќната Аргентина но на крајот доживеа минимален пораз од 2:1.

Меѓусебниот дуел има големо значење за двете репрезентации затоа што подобриот од истиот драстично ќе си ги зголеми шансите за пласман во следната елиминациска рунда.

“Се е во нашите раце, ние сме господари на сопствената судбина. Во случај дуелот против Нигерија да заврши без победник, тогаш ќе немаме друга опција на располагање освен да славиме во последниот натпревар. Со победа и со еден нерешен резултат, БиХ ќе обезбеди пласман во следната рунда. Нема ништо сигурно во нашата група, но бев многу среќен кога слушнав дека Нигерија освои само еден бод во дуелот против Иран”, изјави пред натпреварот селекторот на БиХ, Сафет Сушиќ.

Дуелот помеѓу БиХ и Нигерија стартува во 00:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.