петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 34

Нигерија е нов светски шампион во фудбал до 17 години

Репрезентацијата на Нигерија ја одбрани титулата на Светското првенство за фудбалери до 17 години и петти пат во својата историја се закити со трофејот од ова натпреварување.

Нигерија ја совлада репрезентацијата на Мали и стана светски шампион до 17 години

Нигерија ја совлада репрезентацијата на Мали и стана светски шампион до 17 години

Поврзани вести

Во синоќешното финале, младите Нигеријци беа подобри од своите африкански ривали Мали со 2:0.

Головите ги постигнаа Осимхен во 56-та и Бамгбоје во 59-та минута, а интересно е да се напомене дека по само четири минути игра на почетокот Нигерија не искористи пенал преку Ебере.

Во текот на целиот Мундијал, оваа селекција претрпе само еден пораз и тоа од Хрватска во групната фаза.

Ова беше 16-то издание на Светското првенство за фудбалери до 17 години, а Нигерија ја освои петтата титула од кои една е на возраст до 16 години пред ФИФА да ја промени возрасната граница.

Претходно, триумфираше во 1985 во Кина, во 1993 во Јапонија, во 2007 во Јужна Кореја и во 2013 година во ОАЕ. Бразил има три титули, Гана и Мексико по две, а пласманот во финалето беше најголем успех за селекцијата на Мали.

Бронзениот медал и припадна на Белгија која во “малото финале” беше подобар од Мексико по продолженија со 3:2.

Најчитани вести