Нигерија има потреба од само еден бод

Осминафиналната рунда ќе стане реалност и за репрезентативците на Нигерија доколку денеска освојат најмалку еден бод во дуелот против фаворизираната репрезентација на Аргентина која веќе го осигура планираниот палсман во првата елиминациска рунда.

На претставникот на Африка му е доволен и само еден бод, а голема е веројатноста дека селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела ќе одмори неколку стандардни првотимци со цел истите да бидат максимално подготвени за 1/8 финалниот дуел против второпласираниот од групата “Е”.

„Не само што сум убеден дека ќе обезбедиме пласман во следната рунда, мислам дека мојата репрезентација е доволно квалитетна за да биде дел од финалниот натпревар. Зошто Нигерија да не биде противник на Бразил во финалниот натпревар? Сепак, прво да се сконцетрираме на дуелот против Аргентина. Знаеме што ни е потребно, со бод ќе завршиме на втората позиција. Мислам дека со прикажаната игра на претходните натпревари го заслуживме пласманот во 1/8 финалната рунда”, изјави напаѓачот на Нигерија, Питер Одемвинге.