Нигерија одби да ги размени девојчињата за екстремистите

Нигерија ја одби понудата од лидерот на Боко Харам, да ги пушти од затвор уапсените екстремисти во замена на речиси 300 киднапирани девојчиња.

Боко Харам денеска објави нова видео-снимка на која се тврди дека киднапираните девојчиња преминале во ислам и оти тие нема да бидат ослободени се додека екстремистите не бидат пуштени од затвор.

Вкупно 276 девојчиња се киднапирани на 14 април во градот Чибок, североисточна Ниогерија во државата Борно, каде живеат голем број христијани. Околу 233 се водат како исчезнати.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.