Свет

Нигерија: Откриена нова „фабрика за бебиња“

Нигерија: Откриена нова „фабрика за бебиња“

Полицијата во Нигерија упаднала во куќа каде што имало 19 бремени жени кои би требало да ги продадат своите бебиња во рамки на таканеречената „фабрика за бебиња“.

Сопственикот на станбениот простор, за кого се сомнева дека биле посредник во синџирот на трговија со деца, се наоѓа во бегство.

„Полицијата уапси 19 бремени жени во различни стадиуми од бременоста“, изјавил Џефри Огбон, портпарол на полицијата во југоисточната нигериска држава Аби.

Југоисточна Нигерија се соочува со епидемија од трговија со луѓе, а оваа година се откриени повеќе семејни куќи кои му припаѓаат на црниот пазар.