Нигерија: Седумдесет и осум лица загинаа во самоубиствен напад

Во два самоубиствени напади на пазар преполн со луѓе во Мајдугури, во североисточна Нигерија, загинаа најмалку 78 лица, соопштија нигериските медицински власти.

Две тинејџерки облечени во хиџаб влегоа на пазарот преполн со луѓе и активираа експлозиви, изјави координаторот на специјалните цивилни сили во државата Борно, Аба Аџи Кали.

Правата тинејџерка го активирала експлозивот и убила неколку жени. Кога луѓето се собрале на местото на експлозијата втората тинејџерка почнала да вреска и се кренала себе во воздух, убивајќи голем број луѓе, додаде Кали.

Војската и полицијата ја блокираа таа област во градот, додека спасувачите помагале во пренесување на преживеаните во болница.

За овие напади е осомничена екстремистичката исламистичка бунтовничка организација Боко Харам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.