Нигерија: Во напад на Боко Харам загинаа 150 луѓе

Нигерија: Во напад на Боко Харам загинаа 150 луѓе
Нигерија: Во напад на Боко Харам загинаа 150 луѓе

Во напад на исламисти од Боко Харам во село во државата Јобе, во североисточна Нигерија, загинаа 150 луѓе, јавија денеска западни медиуми.

Вооружени мажи од Боко Харам го нападнаа селото во четвртокот. Загинаа околу 150 луѓе. Голем дел од нив се удавија во реката во обид да побегнат од нападите – изјави жител на селото.

Пред една недела, во бомбашки напад  на преполн пазар на североистокот од Нигерија, што ги има сите карактеристики на претходните напади на милитантната група Боко Харам, загинале најмалку 47 лица, соопштија денеска локалните власти, објави МИА.

До експлозијата дошло околу 13.30 часот по локално време на пазарот во градот Сабон Гари, во нигериската сојузна држава Борно, упориште на исламистите од Боко Харам, пренесоа британските медиуми.

Досега на местото на експлозијата се пронајдени телата на 47 погинати, како и на 52 повредени лица
На местото на експлозијата се пронајдени телата на 47 погинати, како и на 52 повредени лица

Досега на местото на експлозијата се пронајдени телата на 47 погинати, како и на 52 повредени лица – изјави Умар Кида, припадник на цивилната група за одржување на редот и мирот.

Групата Боко Харам во текот на својата шестогодишна борба за воспоставување исламска држава на североисток од Нигерија уби повеќе илјади лица.