Нигериската војска ги лоцирала киднапираните ученички

Нигериската војска соопшти дека лоцирала повеќе од 200 ученички кои се киднапирани во средината на април од нигериската исламистичка група Боко Харам.

Киднапирањето на 276 средношколки од кои 223 сеуште се заробени ја мобилизира целата меѓународна јавност и се прави се за тие да бидат пронајдени.

Гудлак Џонатан, претседателот на Нигерија, кој е критикуван дека доволно не се ангажирал за овој случај, неодамна ја отфрли и секоја можност за размена на заробениците, односно на девојките во замена за исламистите во државните затвори кои се членови на Боко Харам.

Војската и Владата се исто така критикувани што не успеале да ги спасат девојчињата кои се киднапирани од училиште.

САД, Велика Британија, Франција и Израел веќе пратија свои стручњаци да помогнат во Нигерија, а помош понудила и Кина, која има десет државјани кои се киднапирани на границата со Камерун, а за кои се верува дека се заробени од припадници од Боко Харам.