Нијанси го оставија Веспрем на тронот во СЕХА!

Веспрем не дозволи да биде симнат од шампионскиот престол во СЕХА-лигата, совладувајќи го Вардар во финалето во Вараждин со 28-26.

Во досега најизедначеното финале досега се чекаше 59 минути за да може со некаква сигурност да се каже дека Веспрем останува шампион во СЕХА-лигата. Унгарскиот гигант славеше со два разлика откако Вардар имаше видлива иницијатива во првиот дел, а во вториот се играше изедначено до последната минута.

Вардар имаше перфектен старт на мечот, по четири минути веќе беше 4-1, на неполни десет водството беше двојно, 8-4, но дотогаш единствениот ракометар на Веспрем кој правеше нешто ефективно беше Момир Илиќ. Сите четири гола ги постигна тој, но штом почнаа да се будат и останатите, Веспрем почна да го фаќа вардаровото темпо и веќе во 15. минута беше 9-9.

Сепак, македонскиот првак не го даде водството туку така, го чуваше до паузата со минимално 15-14 и дури на почетокот на вториот дел потклекна. Веспрем првпат на мечот поведе во 34. минута, со 17-16, но дури и пред тоа мечот почна да се ниша од нерешено до еден разлика, застанувајќи на секоја бројка, од 15-15 до 25-25. Во 55. минута Веспрем поведе со 27-25.

Извор: Спортмедиа.мк