Никаде во светот министер на полиција не застанува контра полицајците

Никаде не се случило првиот човек на полицијата да оди против своите вработени или да оди да го наруши јавниот ред, зашто тој е задолжен да го чува, вели Владимир Божиновски, пренесува Телеграф.мк.

Очигледно е дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не знае каде се наоѓа и која е неговата функција, па затоа прави непромислени потези. Никаде во светот министер за полиција не застанува контра полицајците како што вчера направи Спасовски во текот на протестите против Уставниот суд, каде што беше во првите редови.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски нагласува дека е јасно дека вчерашните протести беа организирани од СДСМ иако опозицијата се обидуваше да се скрие зад некакви невладини организации.

– Оливер Спасовски очигледно не е свесен дека е доведен, до изборите, да ја извршува функцијата технички министер за внатрешни работи. Никаде не се случило првиот човек на полицијата да оди против своите вработени или да оди да го наруши јавниот ред, зашто тој е задолжен да го чува – вели Божиновски.

Според него, СДСМ ги користи сите шанси за интензивирање на кампањата и ќе бара начин како да ги одложи изборите. Притоа целта е да се уверат неговите поддржувачи во исправноста на таквата одлука.

– Нејасно е зошто се прават овие протести. Уставниот суд е институција која самостојно ги носи одлуките. И во минатото имало одлуки на Судот кои на граѓаните не им се допаѓале, па не се организирале протести – додава Божиновски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.