Никако да престанат малерите на Гомез – нова повреда

Напаѓачот на Фиорентина Марио Гомез се повреди на мечот со Аталанта и ќе паузира три недели, соопшти клубот од Фиренца.

Гомез го одигра целиот натпревар, но во завршницата го повреди бутниот мускул на десната нога.

-Гомез веќе започна со терапија, а новите анализи ќе бидат направени за десет дена. Се очекува да се врати на теренот за три недели, се наведува во соопштението објавено на сајтот на „Виолетовите“.

Гомез се уште чека на првенецот во оваа сезона, а веќе имаше проблеми со повредите откако минатото лето од Баерн Минхен пристигна во Фиренца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.