Ники Минаж и Еминем во љубов

Американската раперка Ники Минаж (35), која е родена во Тринидад и Тобаго, пред точно една година за време на гостувањето во  шоуто на комичарката Елен Деџенерис даде завет за целибат.

-Доста ми е од мажи и споеви! Ги мразам! Ќе се обидам да бидам во целибат, сакам да издржам најмалку 365 дена, изјави тогаш повеќекратната добитничка на музички награди на „Билборд“ и Американ мјузик авордс“.

Но се чини дека животот без секс за ексцентричната Ники конечно е минато. Музичарката, имено, на Твитер потврдила дека се гледа со колегата Еминем (45).

 

Раперката имаше неуспешна врска со колегите Мик Мил (31), Нас (44) и Сафареј Самуелсон (36), а Еминем, чие вистинското име е Маршал Брус Метрс во 2006 година се разведе од љубовта од средното училиште, Кимберли Ен Скот (43)  со која беше оженет двапати и со која има ќерка, Хајли (22).

Не ми одат врските. Признавам, запознавав жени во стриптиз клубовите, но тоа беа површни односи и никој од нив не прерасна во сериозна врска. Сепак, барем тоа беше забавно, рече своевремено Еминем.