понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Никогаш немојте да пиете кафе на празен стомак

Никогаш немојте да пиете кафе на празен стомак, ниту наутро, ниту во текот на денот кога ќе се чувствувате гладни, па ручекот го заменувате со филџан кафе за привремено да се нахраните и да ја вратите енергијата.

kafe

Поврзани вести

Никогаш немојте да пиете кафе на празен стомак, ниту наутро, ниту во текот на денот кога ќе се чувствувате гладни, па ручекот го заменувате со филџан кафе за привремено да се нахраните и да ја вратите енергијата.

Експертите објаснуваат дека кога пиете кафе на празен стомак, во телото се зголемува количината на желудочна киселина која предизвикува киселина и дигестивни проблеми што може да траат во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со текот на времето може да доведе до посериозни проблеми во пределот на стомакот, како што се чир, синдром на нервозно дебело црево и рефлукс. Поевтиното кафе, или она со лош квалитет, обично има повисока киселост, што понатаму може да ги зголеми штетните последици.

Пиењето големи количини на кафе може да го зголеми и чувството на анксиозност и стрес, а кога пиете кафе на празен стомак, овој проблем се влошува. Од друга страна, храната и варењето на храната може да делуваат благотворно на телото. За намалување на негативните ефекти на кафето врз нервниот систем, со кафето земете да јадете нешто. Главната причина поради која  кафето го зголемува чувството на стрес е хормоналната нерамнотежа, за што главен виновник е кофеинот. Утринското кафе на празен стомак може да го попречи производството на серотонин, невротрансмитерот што е одговорен за чувството на среќа и благосостојба. Истражувањата покажаа дека кога ќе престанете да пиете кафе на празен стомак, доброто расположение се враќа.

Најчитани вести