Балкан

Никогаш помала Влада во Србија

Никогаш помала Влада во Србија

Новата Влада во Србија ќе има 16 министерства што е најмалку од обновувањето на повеќепартиските избори во Србија.

Владата на Александар Вучиќ ќе има две ресорни министерства помалку во однос на кабинетот на Ивица Дачиќ.За разлика од претходната Влада, во новата ќе бидат споени сообраќајот, инфраструктурата и градежништво како и рударство и енергетика.

Едно министерство ќе го сочинуваат земјоделство и животна средина, а државната администрација ќе биде одвоена од ресорите правда и ќе биде споена со министерството за локална самоуправа.