Никој не го спречува Заев да ги објави материјалите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како четвртоосомничен во полициската акција „Пуч“ се терети за „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“. Наместо да и даде конкретен одговор и објаснување на јавноста, тој изјави дека ништо нема да го спречи да ги објави материјалите. Фактот што тој е единствениот осомничен кој не е во притвор е доказ дека никој не се обиде да го спречи во тоа, објави порталот Курир.

Зоран Заев и покрај тешкото обвинување е на слобода. Така, може уште вечерва, по состанокот на Бихаќка да ги објави пред јавноста материјалите кои му ги дала странската разузнавачка служба.

Со истите тие материјали тој му се заканувал лично на премиерот Груевски, од кого барал предвремени избори и техничка влада, фалејќи се дека соработувал со странски разузнавачки служби.