Никој не памети кога последен пат СДСМ имал водство на анкетите од релевантни институции

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ по сите прашања и области. Ова го покажуваат двете анкети за испитување на јавното мислење, објавени во октомври годинава. Анкетата на „Република“ со ИПИС покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има убедлива водство по сите прашања и групи пред СДСМ, а според онаа на Брима Галуп ВМРО – ДПМНЕ има двојно водство пред СДСМ.

Според резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби, владејачката партија има убедливо водство во девет точки според кои граѓаните требало да го дадат своето мислење.

republika-anketa

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што може да отвори повеќе работни места, што има подобри економски резултати, подобра е од СДСМ во однос на обезбедување стабилност и безбедност во државата, како и дека води поголема грижа за ранливите категории од населението, за пензионерите, за земјоделците, за младите, велат резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби.

Дури 51 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО – ДПМНЕ би била подобра партија за економијата и отварање на работни места, наспроти 24, 3 отсто кои довербата за ова прашање му ја даваат на СДСМ.

Во однос на борбата со корупцијата и криминалот 36, 1 отсто ограѓаните сметаат дека владејачката партија подобро би се справила со овој проблем, наспроти 28-те отсто кои довербата му ја довериле на СДСМ.

Во однос на стабилноста и безбедноста на државата 42 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би била партијата што подобро би можела да се справи со овој проблем, а според 25, 2 отсто тоа би била СДСМ.

republika-anketa-2

Слична е состојбата и по однос на прашањето за интеграцијата на семјата во ЕУ и НАТО, како и за меѓуетничките односи.

Во однос на прашањата за поддршката на граѓаните во социјален ризик, како и за поддршката на пензионерите, земјоделците и младите владејачката партија има повеќе од двојно водство пред СДСМ.

На прашањето, Која партија е подобро организирана и има повеќе кредибилитет во однос на исполнување на зацртаните планови  програми, 49,9 отсто се изјасниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 18,5 проценти, кои одговориле дека СДСМ е подобро организирана партија.

Според анкетата на ИПИС и „Република“, граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра програма и подобар политички кадар од опозицискиот СДСМ.

Анкета на БРИМА ГАЛУП: ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголема поддршка од СДСМ

Реномираната агенција Брима Галуп…