Никој не памети кога последен пат СДСМ имал водство на анкетите од релевантни институции

Реномираната агенција Брима Галуп прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори. Бројките од анкетата објавена пред неколку дена покажуваат зошто СДСМ се плаши од избори и ги минира преговорите, со цел Македонија да ја изгуби препораката од ЕУ.

Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на БРИМА ГАЛУП, владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Третото место го зазема ДУИ со 7,6%, четврта е ДПА со 3,5%.

Премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. Во испитувањето на јавното мислење на Брима Галуп, за македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива 3 пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните. Следуваат Али Ахмети и Мендух Тачи со по 6,1%, и 2,5% доверба од граѓаните.

Граѓаните на Република Македонија, во огромно мнозинство сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Огромни 43,2% од граѓаните сметаат дека партијата чиј лидер е Груевски би однела победа на изборите. Повеќе од двојно помалку од граѓаните пак сметаат дека СДСМ би бил победник. Јавноста смета дека ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголема поддршка од граѓаните во однос на СДСМ.