Никој не презема одговорност за нападот врз конвој на ИД во Либија

Никој не презема одговорност за нападот врз конвој на ИД во Либија
Никој не презема одговорност за нападот врз конвој на ИД во Либија

Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот врз конвој возила, за кои се претпоставува дека и припаѓаат на џихадистичката групација Исламска држава, кој се случи вчера покрај северозападниот либиски град Бани Валид.

Ниту една групација не ја презеде одговорноста за воздушниот напад, иако и САД и либиските владини сили изминатите месеци вршат воздушни напади врз џихадистите.

Претставник на Пентагон во Вашингтон изјави дека американските воени сили не се вмешани во вчерашниот напад, но не изнесе никакви други детали.

Не е познато дали воздушниот напад бил извршен од беспилотен авион, во сопственост на други американски владини агенции, јавуваат светските агенции.

Три моќни експлозии го потресоа регионот вчера изутрината, изјави член на Градскиот совет на Бани Валид. Жителите на Рас ал Тбел, на околу 80 километри југоисточно од Бани Валид го виделе конвојот од околу 15 автомобили, од кои се вееле црни знамиња на ИД.