Никој не сака да работи на живинарска фарма во Велика Британија

Секторот за живинарство во Велика Британија има итна потреба од работници кои би работеле на утврдување на полот кај младите пилиња.

Иако работата солидно е платена – 55.000 евра годишно, односно 4.583 евра месечно, никој не сака да се јави на огласот.

Треба да се истакне дека оваа работа бара посебен напор, но и искуство кое се стекнува во тригодишна обука.

Работниците имаат само три секунди да утврдат дали станува збор за кокошка или петел.

-Многу луѓе ја одбиваат долгата обука, но и самата работа, изјавил Ендру Ларџ, претседателот на Британската федерација за живинарство.

-Да гледате секој ден во генеталиите на секое пиле не е многу забавно, признал тој.