Македонија

Никој не сака партиски лидер обвинет за велепредавство и шпиунажа

Никој не сака партиски лидер обвинет за велепредавство и шпиунажа

Во редовите на СДСМ владее нервоза, но и страв. Партискиот лидер не ги поштеди ниту своите најблиски соработници од уцени и закани, објавува Курир.

Напротив, неколку пати кон нив го вперува прстот повторувајќи им дека и за нив има материјали меѓу оние кои ќе ги промовира како “бомби“.

Се погласни се гласините дека сопартијците на Заев ја разбраа неговата порака како јасна закана кон нив. Тој кажа дека поседува материјали и за неговата заменична Шекеринска, но и за својот претходник, Зоран Заев.

-Некои лидери се менувале, па нов е ставен претседател на помалите политички партии, Бранко Црвенковски бил исто така долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина, јас го нареков тоа машина, претпоставувам тоа е некоја машина што го прави тоа. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за Влада 2011 година, месец дена претходно се правеа анкети, а Стево беше дел од тимот на Радмила Шеќеринска заедно со Зоран Јовановски во тоа време, а уште неколку членови на тогашното раководство на СДСМ. Но тука е Тито Петковски, Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски и така натаму, рече Заев во своето гостување во Алсат.

Експертите веќе коментираа дека ова не е ништо друго освен уцена. Според нив, на овој начин Заев сака со поделување на материјалите да ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали, кои би требало да бидат под постојана закана дека тие материјали би биле објавени доколку тие не се покоруваат и не ги следат слепо желбите на Заев.

Кој сака велепредавник за партиски лидер?

Се почести се и гласините дека во СДСМ владее нервоза, освен кај раководството, така и кај членството. Кој би сакал да очекува победа од човек кого јавноста го оцени за велепредавник? Според нашите извори, Заев нема да може да опстане долго на лидерското место, бидејќи е човек со тешка кривична пријава за шпиунажа.

Експертите побараа тој да биде гонет и по основ на велепредавство бидејќи свесно соработувал со лица кои сакаат да и наштетат на Македонија.

-Зоран Заев требаше да внимава на профилот и кариерата, можеше да ја води во поинаква насока. Видовме дека тој не само што ја користи негативната кампања, туку и се закачи на линк на ширење страв и антагонизми меѓу македонските граѓани, оценува универзитетската професорка Иванка Додовска.

Сопартијците, како и експертите сметаат дека на СДСМ му е потребен нов лик, со чисто политичко минато, а не човек кој наместо понуда, за главен адут има закани и уцени.

Она што е се поизвесно и на Бихаќка и подалеку од неа, се информациите дека некој можеби свесно ги следи сите чекори на Заев и намерно го “впушта во вода“.

Некои структури од партијата се свесни за се што Заев прави и што ќе произлезе од таквото негово однесување, но го оставаат да се “дозакопа“. Ним им е јасно дека по помалку од два месеца, Заев целосно ќе го изгуби и она сомнителниот кредибилитет. Она поради што се подготвени да реагираат сопартијците и гласачите е фактот дека откако во целост ќе биде оцрнет, Заев ќе стане дополнителен терет за неуспех на цела опозиција