Никој во светот нема евиденција за лицата кои отишле во кризни жаришта

Не можеме да дадеме прецизна бројка бидејќи никој во светот нема таква евиденција.

Бројките што се споменуваат во јавноста се повеќе проценки на безбедносните служби врз основа на разменетите информации, меѓутоа никој не може да тврди дека тоа е прецизна бројка која произлегува од некаква евиденција бидејќи таква евиденција никаде не се води.

– Ниту една држава во светот нема прецизна евиденција на број лица кои заминале со таква цел, затоа што практично ниту едно од овие лица јасно не ја декларира намерата на заминување. Најчесто заминуваат под превезот на друг тип ангажман, па дури и туристички патувања, а потоа се инволвираат во воени, паравоени или параполициски формации во кризните жаришта, појасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Единствената бројка за која со сигурност може која било држава да зборува, вклучувајќи ја и Реублика Македонија, е бројката на лица за кои има информација дека се државјани на Република Македонија, а загинале на боиштата во кризните реигони.

Меѓутоа, како што додала Јанкулоска, самиот факт што Република Македонија се придружи на групата земји кои имаат строга регулатива во однос на овие прашања, сметаме дека на институциите им дава дополнителна алатка за детектирање на потенцијалните проблеми и соодветно реагирање кога ќе имаме не само сознанија, туку и докази за евентуален ваков ангажман.

Таа нагласи дека самата илегална миграција е закана за државите и нешто што ние се обидуваме на организирани начин да го сузбиеме. Ниту една институција во ниту една од државите, тука смета и државата од каде што најчесто доаѓаат, а тоа е Грција и државите низ кои поминуваат во овој случај Макеоднија и Србија, но и другите држави во регионот, децидна е Јанкулоска, не може да има информации за профилот на овие лица, нивното минато, нивните мотиви зошто настојуваат да поминат од една во друга држава, иако најголем дел од нив се декларираат како бегалци од кризните подрачја, лица кои се баратели на азил.

Сепак самата проблематика на сузбивање на илегалната миграција значи посепфатен пристап кој мора да тангира повеќе проблеми од различни типови вклучително и потенцијалните безбедносни закани за државите во кои илегалните мигранти имаат финална дестинација, но и државите низ кои поминуваат до нивната крајна дестинација.